Руската Државна дума изгласа Резолуција за признавање на Доњецката и Луганската Народна Република

Државната Дума за време на пленарната седница гласаше за предлог-резолуциите за признавање на Доњецката и Луганската Народна Република.

Во Државната дума беа разгледани двете нацрт-резолуции, едната беше предложена од Комунистичката партија на Руската Федерација, а другата од владејачката партија „Единствена Русија.

Нацрт-резолуцијата поднесена од Комунистичката партија беше доставена веднаш, додека резолуцијата на „Единствена Русија“ вклучуваше и претходни консултации со Министерството за надворешни работи.

За избирањето на Резолуцијата беше користен „рејтинговиот принцип“, односно, беше одлучено дека која од резолуциите ќе добие повеќе гласови, таа ќе биде испратена во понатамошната процедура.

За иницијативата на Комунистичката партија гласаа 351 пратеник, 16 беа против, а 1 беше воздржан, додека за предлогот на „Единствена Русија“ гласаа – 310 пратеници, по што беше избрана првата опција.

Како што прецизираше претседателот на Долниот дом на парламентот Вјачеслав Володин, документот веднаш ќе биде испратен до шефот на државата.

„Пратениците веруваат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на републиките од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност.“ – Нагласи претседателот на Долниот дом.

На 19 јануари парламентарците од Комунистичката партија на Руската Федерација доставија нацрт-апел до претседателот на Русија за признавање на републиките од Донбас како независни држави. Тие побараа што е можно поскоро да отпочнат преговори со нивното раководство за создавање правна основа за меѓудржавни односи и регулирање сите аспекти на соработка и взаемна помош.

Според Володин, Вашингтон ја зголемува тензијата, испорачува оружје на Украина заедно со европските земји, Киев не ги исполнува Минските договори. Сето ова претставува закани и ризици за животите на руските граѓани и сонародници кои живеат во ДНР и ЛНР.

„Ситуацијата во Украина е алармантна и усвојувањето на било која од Резолуциите на Седницата во Државната Дума и нејзиното испраќање до претседателот за признавање на ДНР и ЛНР ќе бидат чекор напред“. Изјави лидерот на Комунистичката партија во Државната дума, Генадиј Зјуганов.

Извор: Риа Новости