АктуелноИнтернационално

Идејата за излез на Романија од ЕУ ја зголемува својата популарност

Независно од тоа што Романија е полноправна членка на Европската Унија уште од 2007 година, тие заедно со Бугарија важат за земји членки со најнизок стандард во унијата. Освен тоа, иако овие земји веќе петнаесет години се дел од ЕУ, освен економијата, корупцијата и понатаму останува еден од најголемите проблеми кои ги мачат државите.

Оваа идеја имаше свој пик во 2018 година, тогаш на оваа идеја предводник беше Даниел Драгомир, поранешен полковник во романската разузнавачка служба. Тој тогаш објави статија која содржеше десет причини зошто Романија треба да ја напушти Унијата.

Еден од неговите главни постулати беше дека со членството во ЕУ, државата го губи својот суверенитет, додека истовремено плаќаат огромни даноци кон Брисел.

Романија мора да ја напушти Европската унија и да води политиката на суверена држава, без да прима наредби од Брисел! Само Романците одлучуваат за политиката на Романија како суверена држава. Плаќаме многу повеќе даноци во ЕУ отколку што добиваме од самата Унија“.

Од овој период идејата за „Roexit“ почна посилно да прозвучува како идеја помеѓу романскиот народ, за подоцна да добие и медиумско внимание, но со текот на времето оваа идеја властите се обидуваа максимално да ја исфрлат од јавниот дискурс.

Иако се доби впечаток дека оваа идеја е задушена, во 2021 година актуелизацијата на политичката криза достигна нови димензии. Иако сето ова беше делумно релативизирана со поставувањето на поранешниот армиски генерал Николае Чиука за премиер на земјата, тенденцијата на поддршка кон „Roexit“ продолжи да расте.

Во меѓувреме во Романија беа одржани бројни протести, а политичката криза и нестабилната власт ја разбистрија сликата за постоењето на огромна неконтролирана корупција и економскиот дисбаланс, додека пандемијата допринесе за сите овие проблеми уште понегативно да влијаат на целокупната слика во земјата.

Политички консултант и социолог Барбу Матееску вели: „Гледаме зголемување, особено во втората половина од минатата година, на понепријателски позиции кон сè – непријателски кон Европската унија, непријателски кон институциите, непријателски кон политичарите, непријателски кон сѐ.“

Тој смета дека тешко може да се оцени како ќе се развива поддршката за „Roexit“ и како тоа ќе влијае врз романското општество севкупно, но останува фактот дека оваа идејата помеѓу населението, се повеќе е популарна.

Истражувањето на „INSCOP Research“ спроведено во октомври минатата година предупреди дека дури 80% од Романците сметаат дека настаните во земјата „се движат во погрешна насока“. Романските власти и про-европски аналитичари, за ваквиот развој на настаните, иако слабо аргументирано, веќе традиционално за сите земји на ЕУ, кога нешто не оди како што треба, барајќи го виновникот за лошата политичка ситуација, со прст покажуваат кон Русија.