За Маричиќ прашање на време е кога Бугарите ќе бидат внесени во Уставот

Според Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ повеќе не се дискутира дали Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав, туку станвуа збор само за тоа кога одново ќе биде отворен Уставот и „решено“ ова прашање.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е добро да се ставаат временски рокови околу барањето за вклучување на бугарското малцинство во Уставот, но Владата планира да се направи пред нашето влегување во ЕУ.

„Ние, нашата Влада, повеќе пати јавно истакнавме дека поради нашиот концепт на Уставот утврден уште во 2001 со Охридскиот рамковен договор, немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и други заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница.“

„Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ. Останува во наредниот период во разговор и отворен дијалог со Бугарија да најдеме и начин, меѓутоа и временски рок којшто ќе биде најсоодветен за тоа.“ – Рече Маричиќ.