Економијата на Западот е заснова на бесконечни кредити, долгови и колонијални даноци

  • Фејсбук статус на Душко Сековски.

Во 21-ви век африканските држави сè уште плаќаат колонијални даноци на демокраЦка Франција. За да бидеме во друштво на овие нелуѓе и останатите западни и американски пријателчиња кои се патем одговорни за 90% од геноцидите на планетава ние сме условувани да смениме име, јазик, химна…

Додека нашите полуписмени политичари со одвај 20% функционални мозочни ќелии не убедуваат дека тоа ни е единствениот избор, статистиката вели поинаку. Најмногу може да научиме од држава која била пропадната и успеала да се издигне, а тоа во моментов е Кина.

Процентот на сиромаштија во 2000-та година во Кина изнесувал 49.8% (од вкупната популација), во 2019-та изнесувал 0.6% според статистиките на светска банка. Би сакал да ги споредам статистиките со Демократско Кале, но тие немаат доставено статистика за сиромаштијата од 1960та до денес.

Кога сме кај економијата пак кинеското БДП од 1990 до денес пораснало од 360 билиони на 18 трилиони односно за 5000%, за споредба БДП-то на САД пораснало од 6 трилиони на 21 што е раст за само 350% што е процентуално помал и од растот на Јужна Бановина од 480% (не дека сме воделе добри економски политики ама инфлацијата си го игра своето), но затоа пак кај нас стапката на сиромаштија речиси и да си цупка во место. Од 27% во 2009 до 21.6% во 2018, потоа следи короната и 60 000 луѓе остануваат без работа, што сигурно ќе ја зголеми стапката на сиромаштија за неколку проценти.

Поентата е дека нашата “единствена опција” економијата ја заснова на бесконечни кредити, долгови, колонијални даноци и цицање крв што кога тогаш ќе доведе до неизбежен банкрот, додека другиве кои ни ги претставуваат како најголемо диктаторско, небањато зло економијата ја заснова на раст, иновација, продуктивност и просперитет, каде што пола од секторите се приватни а пола државни.

Со пандемијава увидовме колку е штетно кога здравството и фармацијата се под приватна капа, а во иднина допрва ќе ги гледаме последиците од приватно образование, инфраструктура, енергија и рударство.