Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја подновил институцијата со возило од 38 илјади евра

Управата за финансиска полиција која Минатата година достави само девет пријави од кои четири биле вратени од страна на ОЈО, заради ненадлежност, т.с. адреса на пријавата била погрешна, на крајот од годината се подновила со возило вредно 38.000 евра.

Директорот на оваа институцијата која е задолжена за откривањето на корупцијата и има обврска да доставува материјали до обвинителствата, Арафат Муареми договорот го потпишал со добавувачот на 21 декември пренесува СДК.МК.

Според информацијата која ја пренесе порталот, станува збор за луксузен автомобил кое институцијата ќе ја чини севкупно 38 илјади евра.

Директорот Муареми за потребите на Управата за финансиска полиција купил „Опел инсигнија гранд спорт бизнис елеганс“ 2.0 дизел. Според промотивните материјали на производителот, станува збор за „софистицирано ниво од бизнис класата“.