Дали фалсификувањето на пописните резултати се причина зошто истите сè уште не се објавуваат
Поминаа три месеци од спроведувањето на статистичката операција т.н. „попис“, што е временска рамка повеќе од доволена за целосна обработка на податоците, но информациите од резултатите сè уште нема. Од Државниот завод за статистика велат дека за тоа ќе им биде потребно можеби повеќе од половина година. Ваквата работа на ДЗС, противниците на пописот ја сметаат за индикатор повеќе кој укажува на нерегуларноста на пописот.
Првиот човек на ДЗС, Симовски тврди дека во овој момент ниту тој не ги знае резултатите и не сака да коментира по однос на шпекулациите за процентуалната застапеност на етничките заедници во Македонија, што патем е главната причина заради која пописот беше бојкотиран.
Од ДЗС се убедени дека најголемиот дел од населението е попишан, но материјална поткрепа за истото нема. Тие поднеле претставки до МВР за неколку оние кои одбиле соработка со попишувачите, но како знаат дека истите ове луѓе живеат на тие локации останува нејасно.
Според заводот, оние кои и по неколку обиди не се пронајдени дома, сепак ќе бидат опфатени преку регистрите, што дополнително го потврдува фактот дека ДЗС ги фалсификува бројките, а сега веќе и не го прикрива тоа.
Околу 300 илјади иселеници имаат македонско државјанство но не се самопопишале. На пописот беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205 илјади што се самопопишаа од странство.
Ако се земе во предвид дека според постоечките статистики Македонија има околу 2 милиони жители, тоа дополнително укажува дека бојкотот на пописот е на толку високо ниво, што веројатно е една од причините зошто ДЗС сè уште не ги објавува податоците и е причина повеќе за потврда на сомневањата дека се спроведува пописниот фалсификат.