Втор ден молк од МВР: зошто Спасовски со месеци чекал да ја затвори станицата за технички преглед во која поминал и автобусот на „Беса транс“ – јави 360 степени
Министерството за внатрешни работи продолжува да молчи по објавата на „360 степени“ дека во работата на станицата за технички преглед во која бил регистриран и автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија, биле утврдени серија непривилности уште во август, но предлогот за нејзино затворање повеќе од три месеци се чувал во фиока.
Во меѓувреме, на 5 октомври, во станицата дошол и поминал технички преглед и автобусот на „Беса транс“. На 23 ноември истиот автобусот се запали во Бугарија при што загинаа 45 лица, а само три дена подоцна министерот Спасовски потпишал решение со кое става клуч на станицата на 30 дена.
Зошто МВР донело решение за забрана на работата на станицата на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“ дури на 26 ноември 2021 година (три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија?
За тајмингот и околностите во кои е изречена забраната за работа, не сакаше да коментира ниту сопственикот на станицата за технички преглед, Џемаљ Нуиши.
Ирена Каревска
Извор: 360stepeni.mk