Јанчев: „Договорот за добрососедство“ треба да оди во корпа

  • Став на Саше Јанев – Член на ЦК на Левица и советник во Општина Гевгелија по однос на „Договорот за добрососедство“ и последиците од неговото потпишување.

Пред шест години на денешен ден беше потпишан Договорот за “добрососедство” со Бугарија. Од СДС Михајловистичка и ДУИ викаа дека ги решиле сите проблеми со Бугарија.

Само пет месеци по потпишувањето Бугарија и се закани со вето на Албанија ако не ги признае Македонците во Албанија за бугарско малцинство.

Шест години подоцна, Македонија доби куп вета и е условена да внесе Бугари во Устав. Согласно Францускиот предлог и внесувањето на Бугари во Уставот потоа има обврска да ја бугаризира наставата во училиштата, да ги бугаризира радио и телевизиските програми, да финансира Михајловистички клубови, да обезбеди квоти за вработување итн.

Во меѓувреме во Бугарија македонското малцинство не смее ни да писне, официјалниот став во Бугарија е дека Македонците биле Бугари до 1944 и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Ама они ги решиле проблемите со соседите. Ја извадиле Македонија од изолација. Они се ЕУ, ние другите што не сме гледале како они ги решаваат проблемите со соседите сме простаци и руски ботови.

Доста ги решаваа проблемите, не мора повеќе. Договорот во прва прилика ќе оди во корпа, а уставни измени НЕМА ДА ИМА! – ЕУ по цена на Македонија не благодарам.