Русија ја стопира испораката на ракетни мотори во САД, вели Рогозин: „Нека летаат во вселената со метли“

Директорот на руската државна корпорација „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин изјави дека Русија ја прекинува соработката со САД на Меѓународната вселенска станица.

Руската вселенска програма ќе се прилагоди во услови на санкции, приоритет ќе биде создавањето сателити во интерес на одбраната, изјави Рогозин.

Според него, менаџментот на другите руски компании, по Роскосмос, треба да ги намали платите.

Во исто време, ветува дека ќе ги зголеми платите на персоналот во ракетната и вселенската индустрија – инженери, дизајнери, технолози.

Тој истакна дека Русија ја стопира испораката на ракетни мотори во САД, порачувајќи им „Нека летаат во вселената со метли“.