Министерството за внатрешни работи продолжува да молчи по објавата на „360 степени“ дека во работата на станицата за технички преглед во која бил регистриран и автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија, биле утврдени серија непривилности уште во август, но предлогот за нејзино затворање повеќе од три месеци се чувал во фиока.
Во меѓувреме, на 5 октомври, во станицата дошол и поминал технички преглед и автобусот на „Беса транс“. На 23 ноември истиот автобусот се запали во Бугарија при што загинаа 45 лица, а само три дена подоцна министерот Спасовски потпишал решение со кое става клуч на станицата на 30 дена.
Зошто МВР донело решение за забрана на работата на станицата на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“ дури на 26 ноември 2021 година (три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија?
За тајмингот и околностите во кои е изречена забраната за работа, не сакаше да коментира ниту сопственикот на станицата за технички преглед, Џемаљ Нуиши.
Ирена Каревска
Извор: 360stepeni.mk