Поранешни министри на ДУИ отвораат приватни клиники додека државниот здравствен систем колаборира
Отварањето на нова приватна клиника повторно укажува на незаинтересираноста на политичките елитите од СДСМ И ДУИ да овозможат здравствениот систем да биде еднакво достапен за сите.
Оваа приватна клиника „ВФВ Клиник“ се промовира под слоганот „Верни на вашето здравје“, се наоѓа помеѓу општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, а цените на здравствените услуги се очекува да не бидат речиси ништо поразлични од оние на досегашните приватни клиники.
На отварањето присуствуваа политичарите од државниот врв кои имаат огромен допринос за опаѓањето на квалитетот на јавните здравствени услуги, пред се таму беше Министерот за здравство Венко Филипче, како и елитата на ДУИ, пред се Артан Груби и Али Ахмети, претседателот на ИВЗ, како и претставници на амбасади, бизнисмени, доктори.
„ВФВ Клиник“ е во ко-сопственост на поранешниот министер за економија од редовите на ДУИ.
Ова само го потенцира фактот дека профитот и развојот на капиталот е главниот интерес на политичарите кои постојано го занемаруваат јавното здравство. Со ваквата здравствена политика државата само дополнително овозможува да се чувствува економската раслоеност, каде уставно гарантираното право на здравствена заштита не е еднакво достапно за сите.