60 години од смртта на афро-карипскиот анти-колонијален револуционер Франц Фанон

На денешен ден во 1961 година почина афро-карипскиот анти-колонијален револуционер Франц Фанон.

Фанон не само што бил важен теоретичар, психијатар и политички филозоф, тој се вклучил и во вооружени ослободителни борби, прво служејќи во Европа за време на Втората светска војна против фашистите, а подоцна и во Алжирската војна за независност против француските колонизатори.

Неговите дела како „Црна кожа“, „Бели маски“ и „Клетникот на Земјата“ со критички сознанија за расизмот, колонијализмот и анти-колонијалната борба, ги инспирираа деколонизаторските движења и револуционери ширум светот.

„Колонијализмот е насилство во природна состојба и ќе попушти само кога ќе се соочи со поголемо насилство“.

„Европа буквално го создаде на Третиот свет. Нив ги гуши богатството што е ограбеното од неразвиените народи. Пристаништата во Холандија, пристаништата на Бордо и Ливерпул се должни, поради својата улога во трговијата и депортацијата на милиони робови. И кога ќе го слушнеме шефот на некоја европска нација, како со рака на срце изјавува дека мора да им помогне на несреќните луѓе од неразвиениот свет, ние не трепериме од благодарност. Напротив, меѓу себе си велиме: „тоа е само репарација што ни ја даваат“.

„Тогаш дојдете другари. Би било добро веднаш да одлучиме да го промениме нашиот пат. Мора да ја оставиме црната темнина во која бевме потонати и да ја оставиме зад себе. Новиот ден кој е веќе близу, мора да не’ најде цврсти, разумни и решителни. Да не губиме време во стерилни литија и мачна мимикрија. Да ја напуштиме оваа Европа која никогаш не престанува да зборува за човекот, додека го масакрира на секоја од улиците, во секој агол од светот.

„Ајде, другари, конечно заврши европската игра; мора да најдеме нешто различно. Ние денес можеме да направиме сè, сè додека не ја имитираме Европа, сè додека не сме опседнати од желбата да ја достигнеме Европа“.