АктуелноЛокалноСтав

(Видео) Николовска: Во содржината на свечената изјава сè уште стои името Република Македонија

На конститутивната седница на Советот на Општина Делчево, со свое излагање настапи и советничката од Левица, Сања Николовска, во кое стави акцент на одредбата од постоечкиот Закон за локална самоуправа која се однесува на свечената заклетва, нејзината форма и правно дејство.

„Со материјалите за работа беше доставен и примерок од свечената заклетва, која според правната природа е изјава, на 1/3 од хартија А4 формат без место означено за потпис и за датум и време, што ја прави неполноважна! Таква ‘изјава’ може да пополни било кој граѓанин на Општина Делчево.

Потенцираме дека Законот за локална самоуправа, донесен во 2002 година, до денес не претрпел измена и во член 38 кој се однесува на содржината на свечената заклетва (изјава) сè уште стои името РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Ова не е ни кршење на Уставот бидејќи со ратификацијата на одредбите од Преспанскиот договор, се остава период, технички и политички, во кој законските одредби треба да се усогласат со Уставот и тоа би требало да започне со отпочнувањето на преговорите со ЕУ! Додека да се изврши усогласување, во сила се постоечките одредби на материјалното право и се’ што е во спротивност со нив е незаконски!”

  • Целосното излагање на советничката можете да го погледнете на ова видео.