Кој го штити Бранко Тричковски

„Ако не ви е јасно кој го штити Бранко Тричковски, сликата доволно кажуват.

Против Тричковски има три кривични пријави за говор на омраза и ширење ксенофобија (2 од МВР по службена должност, една од новинарот Героски). Ниту една кривична пријава не е процесуирана.

Како СДС и кандидатот за градоначалник на Центар, Герасимовски, ја научиле лекцијата, кога седат во друштво со лик кој не штеди зборови како “би бесел опозиционери” и останати одвратни мизогини коментари и сочни закани.

Впрочем, СДС не ни знаела да владее поинаку – насилство, прогон и малтретирање завиткано во фина обланда на елоквенција (под привидна интелектуалност) со која го замачкуваат теророт на своето владеење.“