(Видео) Зошто невладините организации молчат за нападот на новинар од членови на СДСМ?

Девијацијата „напад врз новинар“, во демократскиот свет се разбира како директен удар врз демократијата. Ваквите девијантни појави во нашето општество имаат историски развој, во кој за најмрачен периодот се сметаше претходниот режим, за широките народни маси познат како Груевизам.

Пред некој ден имавме сосема идентична ситуација. Во време на изборниот молк беше нападнат новинарот Милош Милошевски, додека известува за состојбата во Прилеп, во врска со (не)почитувањето на предизборниот молк. Овој агресивен чин истовремено претставува сериозно прекршување на демократските принципи. Новинарот од Инфомакс, евидентирал груби нарушувања на предизборниот молк од страна на членови на политичка партија од власта, како и од страна на кандидат за градоначалник.

На снимката јасно се гледа како новинарот Милош Милошевски и снимателот Иван Ниневски, физички се нападнати, влечени, буткани, удирани со клоци, боксови и со предмети.

За овој инцидентн, најгласните борци за човекови права, кои пред неколку години добиваа огромно медиумско внимание и беа најистакнати во критиката на социјалните мрежи, при секој инцидент поврзан со новинари, денес никаде ги нема. Невладините организации помагани од Владини (народни) пари и финансирани од демократските меѓународни (пред се европски) фондови, кои секогаш, го вклучуваа светлото на црвено и при најмал инцидент со новинари засега молчат.

Останува нејасно зошто од авторитетите како Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој е прв во хиерархијата на борци за демократија и човекови права, па надолу до најситните локални НВО, никаде не може да се слушне осуда, а уште помалку поддршка за заштита на нападнатиот новинар.