АктуелноЛокално

Јанков: Лошиот урбанизам на дело

„Денес се случило одронување, на градилиште кое се наоѓа веднаш над Кочо Рацин, и каде до неодамна, наместо градежна јама, имаше шума од дваесетина дрвја.

Оваа градежна парцела е од ДУП за градска четврт Ј07, и истиот датира од 2013 и беше донесен непосредно пред локалните избори, во времето на Тодоровиќ. Од тогаш се сменија две гарнитури на една иста политичка опција, Жерновски и Богдановиќ. И двете немаа никаков проблем со овој ДУП, со прст не мрднаа да го сменат и истиот никогаш не беше под мораториум. Зошто и како, самите изведете заклучок.

Но, во истиот има низа на нелогичности, од објект со намена А2 -станбена зграда во зона која е исклучиво А1-станбени куќи, па се до плацеви со 100% процент на изграденост, објекти од три страни калкански поврзани и тн. По овој ДУП се градат оние чудни градби на ул. Козара, кои ги гледаме низ медиумите.
Да се разбереме, инвеститорите ги интересира секој квадрат, затоа што истиот го продаваат и гледат да градат максимум од дозволеното, и на проектантот има да му ги извадат низ нос, за да ги добијат. До планерот е колку ќе изнесува тој максимум и само тој може да ги ограничи во намерите.

Но, очигледно е дека планерот кој учествувал и го добил тендерот, не ни бил на терен за да види каде впишал градежна парцела, или пак можеби впишал она што се барало од него. Инаку, да, ако се прашувате се работи за истиот планер кој работи за едно евро од хектар кај Холидеј Ин, претпоставувам од чист алтруизам.

Ете зошто е потребна ревизија на урбанистичките планови и на работењето на претходните гарнитури, ете зошто го ветуваме тоа во нашата изборна програма. Не од желба за реваншизам, туку затоа што е нужно и потребно, пред да однесе нечиј живот!“

  • Фејсбук статус на Андреа Јанков, кандидат за градоначалник на Општина Центар.