Петар Георгиевски Камиказа: Универзална сала е во срцата на сите граѓани

Петар Георгиевски Камиказа кој е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје во интервјуто за емисијата „Јади бурек“ зборуваше за Универзална сала.

Тој ја истакна историската важност на салата, и нагласи дека поклон добиен во таков специфичен момент има неизмерно значење и трајна вредност.

Универзална сала е поклон, поклон не смееш да срушиш. Поклонот можеш да го поправиш, да им се заблагодариш на луѓето затоа што во времето кога си немал никаква сала ти дале шaнса да имаш.

Во интервјуто тој се присети на настаните, достигнувањата во таа сала како и неговата емоционална врска со истата, потенцирајќи дека токму нејзината реконструкција е негов приоритет.

Универзална сала остана во срцата на сите граѓани. Таму беше „Златно славејче“, таму беше Скопски џез фестивал“, таму свиреше „Меморија“, „Мизар“, „Архангел“ таму свиреа „Анастазија“, таму свиреа сите! – Тоа е за мене како да ми одземеш парче од животот, така отприлика. И, ако нешто второ направам кога ќе станам градоначалник тоа ќе биде сериозна реконструкции на таа сала, која нема да чини бог знае какви пари.