Двајца кандидати за градоначалници поддржани од Левица денес трчаат на скопскиот маратон

Денес на улиците во главниот град се одржува седумнаесеттото издание на „Скопски маратон“. Првата маратонска трка од меѓународен карактер насловена “Скопски Маратон” во Скопје е одржана во 1997 година по иницијатива на познатиот спорстки работник Професор – тренер, Душан Ангеловски. Наредната 1998 година маратонот го организираше Михаил Пановски со група спортски работници.

Оваа година настапот се одржува за време на кампањата за локалните избори во Р. Македонја. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски Камиказа и кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром Весна Кираџиева денес трчаат на скопскиот асфалт.

Весна Кираџиева, која е многукратен шампион, рекордер во маратонско трчање и македонска репрезентативка, најави дека после оваа трка, нејзината професионална кариера завршува, но таа ќе продолжи да се бави со овој спорт. Истовремено Кираџиева најави дека навлегува но нови води, за нови победи, но иста цел – репрезент во битката за поуспешна МАКЕДОНИЈА! На својот фејсбук профил таа напиша:

Утре е големиот, неофицијален празник на градот Скопје, Skopski Maraton. Улиците ќе бидат отворени за тркачите, затворени за сите други. Но тоа не значи дека не ве очекуваме покрај патеката. Јас утре ја трчам маратонската 42ка и официјално ќе ѝ кажам збогум на професионалната атлетска кариера, додека полека но сигурно навлегувам но нови води, за нови победи, но иста цел – репрезент во битката за поуспешна МАКЕДОНИЈА! Ова не значи дека нема и понатаму да си го трчам мојот домашен и омилен Скопски Маратон. Сѐ уште редовно ќе ме гледате на кејот на Вардар, или Водно и секогаш ќе имам нов тркачки предизвик низ Македонија и светот, само во полежерно издание, без бркање пласмани, рекорди, репрезентативни настапи. Аеродромци и аеродромки, скопјани и скопјанки, излезете да нѐ бодрите. Тркачи и маратонци – лесни нозе и се гледаме на жешкиот, скопски асфалт. Среќно!