„Како дојде до ова?“ – Кратка историја на ситуацијата во Венецуела

Во 1998 година, Хуго Чавез беше избран за претседател на Венецуела. Неговиот избор се должеше на големата непопуларност на неолибералните политики промовирани од т.н. „Вашингтонски Консензус“ и ММФ. Олигархијата во Венецуела за прв пат стана опозиција.

За време на неговото владеење, стапката на сиромаштија во Венецуела падна од 80% на 20%. Изворите на нафта на Венецуела, кои се најбогати во светот, беа отсекогаш де јуре национализирани, но олигархијата поставуваше таму членови на најбогатите фамилии и ги користеше де факто како приватна сопственост – се разбира во склад на интересите на САД. Чавез ја прекина оваа политика. На сметка на американските интереси, тој средствата од продажбата на нафта ги користеше за социјални политики, како бесплатно здравство и образование и изградба на социјални домови. Поради тоа Чавез, иако многу популарен кај мнозинството од венецуелскиот народ, беше прогласен за диктатор од страна на Стејт Департментот (МНР) на САД.

Во 2002 година, под покровителство на ЦИА, опозицијата (олигархијата) во Венецуела изведе државен удар. Чавез, како и повеќето од кабинетот на претседателот, беа уапсени од страна на пучистите. Но, огромната поддршка која ја уживаше Чавез кај народот и обичните војници доведе до тоа војската да откаже послушност кон нивните офицери и го ослободи Чавез.

За разлика од повеќето латино-американски влади, владеачката ПСУВ (Обединета Социјалистичка Партија на Венецуела) го црпи легитимитетот од домашната поддршка, наместо од странските (империјалистички) интереси на американската олгархија. По овој неспешен обид за промена на власт, ова го увидоа и експертите во Стејт Департметот. Затоа САД започна со нова тактика – уривање на венецуелската економија, со цел да се урне и поддршката на власта.

Во периодот по 2002 година, САД интензивно превзема внатрешни саботажи (преку венецуелската олигархија и нејзините платеници) како и силни надворешни притисоци – ембарго, санкции и дипломатско изолирање. Постојат голем број докази, меѓу кои и видео снимки, на кои се гледа саботажата од страна на олигархијата, но сепак американските „слободни медиуми“ ова не го пренесуваат. На пример, шверцери од Колумбија одат во Венецуела и купуваат нафта која потоа ја продаваат поскапо во Колумбија. Сите овие процеси се легални, бидејќи колумбијската (вазалска) влада со закон го дозволи купувањето на шверцувана нафта. Затоа се случува, парадоксално, во земјата во која има најмногу и најефтина нафта да има недостаток на нафта и да се чекаат редици за купување.

Храната, како друг основен продукт, е исто така на мета на опозицијата на која не и се важни гладните – тие палат складишта со храна за да создадат криза. Дополнително, бидејќи владата има ставено горна граница на цените на основните продукти, за да може сиромашните да си ги дозволат, олигархијата повеќето свои производи ги продава на црниот пазар каде што се 2-3 пати поскапи, наместо во маркетите. Оттаму и сликите со празни продавници.

Третиот економски столб на удар на опозицијата и САД е монетарната политика – клучниот сегмент за било која економија. Повторно, со помошта на верниот „сојузник“ Колумбија (на која САД и има испратено милијарди долари „финансиска помош“) тие вештачки создаваат инфлација во Венецуела. Во Колумбија може да се продаде боливарот (валутата на Венецуела) за дури 60% поскапо отколку во самата земја. Овие продажби се одвиваат на отворено на самата колумбијска граница со Венецуела и повторно, се сосема легални – но само таму. Парите што вака се заработуваат се користат за купување на продукти во Венецуела и со тоа цената на продуктите расте т.е. расте инфлацијата вртоглаво. Ова е, на краток рок, неисплатливо за сите, но економијата на Колумбија е силно поткрепена од САД, па може да издржи до евентуалниот пад на власта – додека Венецуела го нема тој луксуз. Вреди да се напомене дека курсот по кој се прават овие матни размени е диктиран од сајт поседуван од Венецуелци кои учествувале во државниот удар во 2002 година и кои живеат во САД. Коинциденција.


Целта на овие агресивни политики е јасна – пад на социјалистичката партија на Венецуела и враќање на олигархијата на власт. Со зголемената сиромаштија, се повеќе од граѓаните на Венецуела почнуваат да веруваат на приватните медиуми (погодете во чива сопственост) кои за економската ситуација го обвинуваат Мадуро. Дополнително, економските проблеми создаваат плодна почва за корупција, а со тоа и ослабнување на државниот апарат т.е. способноста на Мадуро да се справи со саботажите. Затоа, охрабрени од кризата, опозицијата повторно прави обид за пуч.


На 23-ти јануари, лидерот на опозицијата, Гуаидо, се самопрогласи за претседател за време на говор на јавен собир. Овој потег е, очигледно, противзаконски и ги игнорира резултатите на минатогодишните избори на кои Мадуро освои 67,8% од гласовите. Опозицијата, бидејќи не веруваше дека може да победи на фер избори, одлучи да ги бојкотира по што ги прогласи за неважечки, иако беа избори со најголемо присуство на странски набљудувачи во светската историја. Веднаш по „себекрунисувањето“ следеа поддршки и признавања од Трамп и Болсанаро, што воопшто и не е за изненадување. Францускиот претседател Макрон исто така изрази поддршка за Гуаидо и протестите, иако брутално ги репресира протестите против него во Париз. Но, лицемерието на империјалистите и нивните вазали не е нешто ново.

Сега, повторно е актуелна реториката дека Мадуро (како Чавез пред него) е диктатор и ја уништува земјата. Можеби Мадуро треба да го воведе политичкиот систем на Саудиска Арабија за САД и „напредниот“ Запад да почне да го поддржува така ревносно, за да биде признаен за легитимен и демократски избран претседател на Венецуела!