Вооружени сили на САД убија седум деца, но никој нема да биде казнет
По неколку недели континуиран јавен притисок од нападот на беспилотно летало на 29 август во Кабул, за кој од Пентагон тврдеа дека е загинат терорист, конечно признаа дека сите жртви биле цивили, вклучително и деца. Но, за ова нема да одговара никој.
Генералот на маринците Кенет Мекензи, шеф на „CENTCOM“, во петокот објави дека проектилот „Hellfire“ истрелан врз куќа во Кабул, всушност уби „десет цивили, меѓу кои седум деца“.
Истрагата на Њу Јорк тајмс објавена на 10 септември, откри дека белата Тојота му припаѓала на Земари Ахмади, кој не е терорист на ИСИС, туку вработен во Нутриционис и Едукација Интернешнл, добротворна организација финансирана од САД.
Ахмади ги возел колегите од и до работа, носел бокали полни со вода во својот дом од канцеларијата на НЕИ. Службите на САД ова го окарактеризирале како сомнително однесување. Така, кога влегол во уличката на својот дом и го пречекале десетина деца, беспилотно летало „MQ-9 Reaper“ испука проектил „Hellfire“, убивајќи ги сите.
„Без никакви докази, без истрага, тие нападнаа и ги убија нашите деца, и ние никогаш нема да им простиме“, рече Јамшуд Јусуфи, чија 2-годишна ќерка Сумаја беше убиена во нападот.
Помалиот брат на Ахмади, Емал, кој разговараше со медиумите една недела по нападот, САД ги нарече „крајни лажговци“, затоа што тврдат дека нападот бил насочен кон ИСИС. Тој за РТ изјави дека никој не се обратил до семејството во име на американската влада. Лично не може да ја прости смртта на своите најблиски и сака одговорните да бидат изведени пред „правдата според американскиот закон“.
Лицето што го повлече чкрапалото и оние што дадоа команда за пожар треба да застанат пред суд. Потребно ни е уверување дека следниот пат нема да убијат невини луѓе и деца во други земји. Виновниците мора да бидат осудени.
Генералот Френк Мекензи, началник на Централната команда на САД, ја нарече смртта на цивилите „трагична грешка“, формално се извини но не кажа дека тој или било кој друг ќе понесе одговорност за овој настан.