Шилегов дели бонови како Ѕинго во деведесеттите
На социјалните мрежи се појави фотографија која од вчера наваму е многу популарна.
Станува збор за фотографија направена од закриен агол во реонот на Средно Водно. На фотографијата се гледа актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов со велосипедисти околу него.
Според напишаното, најпрвин на социјалната мрежа Твитер а подоцна и Фејсбук, ,,уловен” е момент во кој биле делени бонови.
,,Вчера луѓе од пиарот на Шилегов на средно Водно делеле бонови од 50 денари на луѓето таму за да си купеле нешто од трафиката кај средно Водно. Добро е да знаат точкарите за колку евтини ги смета Шилегов.
– Стои напишано во еден од постовите.