Костовски: Пописот ќе пропадне поради истиот народ што го влечите по шалтери

Статус на Горан Костовски


„Обичниот граѓанин, чесниот, неврзан со партија (од големите со нивните привезоци) цел живот го малтретираат по институции, ние не сме надлежни, иди на овој шалтер, на оној шалтер, им бараат мито, им затвараат врати у администрација и сега се сврте тркалото државата да моли истиот тој обесправен и осиромашен народ да им отвори врата за попис охохо само елајте! Трие раце

Дојдовте кај обесправениот народ кој 30 години го малтретирате и крадете да молите да ви се попише и се чудите што се понаша како вие што се понашате по институции кога истиот тропа на врата…

Може слободно да констатираме дека ради системската корупција и акутна неспособност на државата и нејзината административна неспособност ќе пропадне пописот и тоа со право.

Е затоа #НеОтворамВрата и повеќето нема.”