Златко Арсов кандидат за градоначалник на Велес од Левица
Политичката партија Левица за нивен кандидат за градоначалник на Велес, доцнна вечерва објави дека го номинира Златко Арсов.
Тој е редовен професор на Зeмјоделскиот факултет во Скопје, при УКИМ, на група тутунски предмети, а докторска дисертација од областа на технологијата на тутунот ја одбранил во 2003 година.
„На Велес му е потребно нови име, ново лице, досега неизвалкано во политиката.Чест и обврска е да се биде кандидат за градоначалник на Велес, градот кој поставил многу темели и во културата и во општественото живеење во Македонија. Велес одамна бил црвена општина“ – порача Арсов, во неговата прва изјава за јавноста.
Живее во Велес со сопругата и синот. Роден на 18-ти мај, 1965 година, во Велес.
Извор: tirekovmirece.com