Петров: Директорот Никица Бачовски нема одговор зошто доцнат субвенциите за земјоделците
Статус на Никола Петров, координатор на Земјоделски Сектор и член на Централен Комитет на Левица
„Денес директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој, Бачовски Никица, изврши една крајно несериозна и популистичка мерка која освен што води во насока на предизборно додворување и поткуп од страна на актуелната власт, нема никакво друго значење за земјоделците. Имено дотичниот ништо не кажа зошто оваа година исплатата на субвенциите на земјоделците е со каснење, селективно, а и каде е помошта од петтиот пакет мерки, која нели беше изгласана со клучното присуство на двајцата заразени пратеници со скафандер во собрание. Тој ништо не кажа што со земјоделците и лозарите кои претрпеа огромни штети од сушата и зошто не прогласуваат елементарна непогода од истата. Каде е одговорот на прашањето на лозарите за договорните цени за откупот на лозјето оваа година, или тие пак ќе бидат оставени на милост и немилост на винските феудалци.
Страмота е директорот после сите проблеми на земјоделците овие години, да се себепромовира и слика за доделени картички за субвенционирана нафта во услови на највисоки цени и зголемена акциза и такса на истата.
Би му препорачал на директорот, изборите идат, а земјоделците нема никакви картички или предизборни исплати на субвенции да ги одврати од намерата да ве тргнат од власт, па макар и локална била.”