Левица: Зградата на булеварот во Свети Николе се дави во фекалии

„Зградата во центарот на Свети Николе години наназад е затрупана во ѓубре околу себе, заради неодговорноста на ЈКП Комуналец. Комуналниот хаос ја достигна својата кулминација деновиве откако во подрумите заврши канализациска отпадна вода помешана со вода од водоводната мрежа.

Станарите подолго време се жалат на неподнослива реа, што се шири од подрумските простории, дел од подрумите се поплавени и со половина метар вода, а здравјето на станарите е загрозено заради нехигенските услови, фекалиите и ѓубрето.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, иако пред неколку дена во изјава за медиуми најави решавање на проблемот во најбрз можен рок, проблемот сè уште не е решен.

Ова не е единствена зграда со вакви или слични проблеми заради неодговорноста на Градоначалникот и Јавните претпријатија. Жителите не ретко се жалат за овие проблеми, но за ова слух кај надлежните нема. Ваквото игнорантско однесување на Јавните служби кон народот мора да престане!” – се наведува во реакцијата на Локалниот огранок на Левица од Свети Николе