Мојсоска: Ванковска беше од ретките кои беа против вештачкиот инженеринг со Рамковниот договор

Јована Мојсоска од Левица ги потсети стружани дека проф. Билјана Ванковска беше дел од ретките интелектуалци кои се спротиставуваа на вештачкиот инженеринг со Рамковниот договор.

Таа ги повика стружани сега да го дадат својот потпис за кандидатурата на Ванковска, која е претседателскиот кандидат на Левица.

– Стружани сигурно се сеќаваат како проф. Ванковска беше дел од ретките интелектуалци кои се спротиставуваа на вештачкиот инженеринг со Рамковниот договор. После погубната територијална поделба, Струга е претворена во париче за поткусурување на коалиционите апетити на СДС/ДПМНЕ со необалистите од тн албански партии. Е, па, Стружани, сега имате шанса да дадете поддршка за нов човек кој не молчи пред великоалбанските испади, објави Мојсоска.

Во Струга, канцеларијата на ДИК е зад Поштата, кај поранешна СОК банка, секој ден од 08 до 20 часот. Канцеларијата работи и за време на викендите.