Захарова: Вежбите на НАТО во Украина се провокација насочена кон дестабилизација на границата на Руската Федерација
Во средата, руското Министерство за одбрана објави инвазија од страна на британскиот разурнувач „Дефендер“ во територијалните води на Руската Федерација, кај Кејп Фиолент на Крим. Руската војска и граничарите отворија предупредувачки оган кон правецот на движењето на разорувачот, по што ги напушти границите на територијалното море на Руската Федерација. Руското Министерството за одбрана, постапките од екипажот на британскиот брод ги окарактеризира како грубо кршење на Конвенцијата на ООН за морското право.
Портпаролот и официјален претставник на руското МНР, Марија Захарова, во саботата истакна дека ситуацијата со британскиот разорувач докажува дека НАТО не сака да ги користи специјалните канали за комуникација со Русија за да спречи вакви инциденти. Според неа, вежбите од Киев и НАТО се провокација со цел непрекината дестабилизација долж периметарот на руската граница.
„Ние многу добро разбираме дека овие вежби следат две глобални задачи. Првата е непрекината дестабилизација долж периметарот на руската граница. Оваа провокација има за цел да испровоцира и предизвика одговор. За ова мора да има одговор, бидејќи станува збор за суверена држава и суверена граница.
Ова претставува постојано провоцирање на одговор, како некаква агресивна акција, односно провокативна активност. Втората задача е да се пренесат разни видови на воена технологија и вооружени групи на територијата на Украина.“ – рече таа.
Захарова истакна дека сите овие активности излегуваат надвор од рамките на, договорите, обврските и што е најважно, од контрола. А, неминовно беше забележан и фактот дека земјите од НАТО годинава спроведуваат седум вежби на територијата на Украина.
Поврзано со инцидентот во црното море, Захарова рече:
„Ако вашата порака е пријателска, навистина отворена, мирна, секогаш постои можност итно да се излезе од ситуацијата. Нашите дипломатски канали функционираат, а имаме и специјални врски. Со различни земји работиме преку различни формати, договорени и прифатени да се користат за вакви ситуации.
Постојат повици за итни известување на било која од линиите. Ова е една поинаква ситуација. Оваа ситуација докажува дека постоечките канали за специјална комуникација или комуникација меѓу државите се блокирани од страна на НАТО.”