Вучиќ: Идентитетските барања кон Македонија и територијалните кон Србија го создаваат евроскептицизмот во регионот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за РТС од Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија изјави дека конференцијата станала клуб на истомисленици кои се грижат само за својот интерес и моќ, а не ги интересира меѓународното право или меѓународните резолуции. Според него ова се однесува и на руско-украинската криза и за прашањето за Косово и Метохија.

„Нив ги интересира како може Косово да биде прифатено во меѓународните организации и како Србија да се откаже од Косово“, вели Вучиќ.

Претседателот нагласува дека во регионот, особено во Македонија и Србија, има опаѓање на ентузијазмот за влез во ЕУ – пред се поради претстојните политички барања. Тој ги спореди барањата за Македонија и Србија за влез во ЕУ како национални, односно територијални.

Јасно е дека има пад на ентузијазмот за влез во ЕУ во земјите од регионот, особено во Македонија и Србија. Ова се должи пред сè на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет (за Македонија) или на територијалното суверенитет (за Србија) – изјави Вучиќ.