100 години од смртта на македонскиот револуционер Ѓорче Петров

На денешен ден, во Софија е убиен македонскиот револуцинер, Ѓорче Петров . Тој бил македонски професор, историчар, публицист, член на ЦК на ВМРО и противник на врховизмот и делбите на Македонија на Версајската Конференција. Од руската амбасада во Македонија, преку објава на својот твитер профил, го одбележаа овој ден и потсетија на значењето на еден од најблиските соработници на Гоце Делчев.

Во продолжение го пренесуваме статусот на Црвена Младина, како потсетување за значењето на ликот и делото на Ѓорче Петров.


„На денешен ден, во 1921 година како резултат на братоубиствената политика, во Бугарија извршен е атентатот на Ѓорче Петров од платениците на Тодор Александров среде градот Софија!

Тој е обележан како идеолог на македонската национална револуција со ингениозна надареност за мисловни вештини уште од млада возраст! Бил голем противник на врховизмот и препознаен од приврзаниците и противниците како човек што влева мисла во сечиво размислување! Правел обиди за возобновување на Охридската Архиепископија и ја гледал како медиум за постигнување на национална сплотеност на нацијата!

Ја објавил обемната книга во 1896 година во Софија ,,Материјали по изучувањето на Македонија”, која дава значење на прашања за македонскиот национален идентитет интересни и важни за разгледување до денес!

„Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат “браќата” за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на “Новини” врз основа на некои факти од “бугарската историја” и врз мислењата на разни историчари и дури врз историските спомени на населението за српските владетели.

А сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат мајтап на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун.” – Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија” 1896

Напишал и статија за иселувањето од македонските села и градови актуелизирано во крајот на 19. и почетокот на 20. век од која ние извадивме дел:

,,Обезлуѓувањето на гурбетчиските подрачја зема застрашувачки размери. Има цели краишта каде што во селата остануваат само старците и недугавите. Обезлуѓувањето, макар и времено, е разурнувачко за земјата и опасно за нашиот народ. Најпосле, при таа положба на работите, не може да се надеваме за подигање на националното стопанство дури при услови поблагопријатни за тоа од денешните. Гурбетчилакот, продолжен повеќе време, станува навика и зараза и ја ослабува приврзаноста кон родното место”.

Знаеме дека статијата звучи како денес да е напишана, па затоа и од исклучителна важност е изучувањето на историјата, онака каква би ја држела нацијата заедно!

Слава му!