На денешен ден во Тетово е формирана Комунистичката партија на Македонија

На денешен ден, 19 март 1943 година, во Тетово, Република Македонија е одржан конститутивен состанок на Централниот комитет (ЦК), со што и официјално е формирана Комунистичката партија на Македонија (КПМ).

Првиот Централен комитет на КПМ го сочинувале: Лазар Колишевски како политички секретар, Мара Нацева како организациски секретар и Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски – Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев како избрани членови. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година во Скопје.

Прогласот на ЦК на Комунистичката партија на Македонија до македонскиот народ, објавен на 4 август 1944, во Социјалистичка зора, како орган на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, почнува со следнава реченица:

“МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Твојата тешка тригодишна народно-ослободителна борба против фашиските окупатори cе круниса со голем и славен успех.”

Целиот текст на Прогласот на овој линк.