Дванаесет години од инвазијата на НАТО во Либија

На денешен ден 2011 година, САД, Велика Британија и Франција започнаа со воздушни напади врз Либија, а на 31 март НАТО ја презеде командата врз оваа инвазија.

Војна, која целосно ќе ја уништи оваа држава како една од најпросперитетните африкански нации. Војната беше започната од НАТО-членките за да спречат наводни злосторства против човештвото од страна на либискиот претседател, Гадафи.

За време на бомбардирањата, илјадници цивили беа убиени и неколку градови беа целосно уништени. После убиството на Гадафи, Либија постојано е во криза со бунтовничката влада поддржана од НАТО, под чие владеење се разви пазар со продажба на мигранти како робови. По воените дејствија, Либија не само што не успеа да реализира демократија, економски просперитет и социјална стабилност, напротив, земјата е во целосен колапс.

Според последните податоци на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни работи, 278.000 Либијци сè уште се без покрив над главата. Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој доби и нобелова награда за мир, призна дека интервенцијата во Либија е најголемата грешка за време на неговото владеење.

Денес, Либија е на 105 место на Индексот за човековиот развој, како последица на влошените стандарди за живот после НАТО-инвазијата. Додека за време на владеењето на Гадафи, Либија беше рангирана на 51-то место, што беше највисоко рангирана земја во Африка во однос на стандардот на живеење.