Крмов најави војна против најштетните политики на власта
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, одржа прес конференција, после двете блокади на Законот за државјанство и Законот за урбанистичко планирање од страна на Левица. Тој потенцира дека Левица постави основни барања, меѓу кои се вклучување на јавноста при носење на системски закони, наместо истите да се носат зад затворени врати од страна на партиските лидери
,,Требаше да се протурка закон кој буквално ќе беше закон со најголеми олеснувања за добивање државјанство, каде беа исфрлени работи како давање заклетва за лојалност кон државата. Исто така, беше исфрлен и делот каде МВР одлучи дека апликантот ја загрозува безбедноста и одбраната на државата. Тоа е еден конфузен текст каде што се интервенирало во над 30 члена.
Нивниот главен аргумент апсолутно не поминува, за луѓе кои живеат 30 години и ги исполнуваат сите услови, а не можат да добијат државјанство. Ако е така, не се работи за законски проблем, значи законот е добар, туку за институционален проблем.
Дополнително, овој закон се договори зад затворени врати, помеѓу СДСМ и коалицијата Алијанса и Алтернатива, зборуваме за суштински закон, за системски закон. Практично под уцена на 12 пратеници и такво нешто е недоволиво.
Од овој момент, Левица влегува во војна со најштетните политики на власта. Ние за овие два закони поставивме оновни барања, овие закони под итно да се повлечат, да се вклучи експертската јавност и да има јавна расправа и да се носи консензуално. А не со еден или двајца политички парнери кои ќе се договараат зад затворени врати.
Застануваме на патот против урбаната мафија, етнотрибализацијата која го цепи ова општество на племиња и против приватизацијата која ни се најавува, каде ние буквално имаме продавање на земјата. Ние не продаваме земја, туку земјата ја продаваме.”