Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи негативни еколошки последици, се предвидени се 50-тина нови објекти на високите делови на Козле.
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – Карпош:

„Членови на Локалниот Огранок на општина Карпош, поднесоа 280 жалби во однос на Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за Деталниот урбанистички план за градска четврт Ј04.

Во одлуката за неспроведување на стратегиска оцена се наведува дека предлог ДУП-от нема влијание врз животната средина бидејќи „со планскиот документ кој се однесува има цел рационално користење на земјиштето“. Но, во реалноста, со овој ДУП предвидени се 50-тина нови објекти на високите делови на Козле, во рамките на К.О. Долно Водно. Најголем дел од нив ќе бидат на четири нивоа и висина од 10,2 метри.

Оттука, усвојувањето на овој ДУП има и тоа какви негативни еколошки последици. Во жалбите се наоѓаат над 250 различни причини, најпрво за спроведување на стратегиската оцена за влијанието на овој ДУП врз животната средина, а потоа и за целосно запирање на постапката за носење на истиот.

Левица – Карпош го повикува градоначалникот Стефан Богоев, веднаш да ја спречи постапката за носење на овој ДУП. Во спротивно, Левица – Карпош, ќе преземе уште порадикални чекори во спречувањето на уништувањето на преостанатото зеленило од што корист има само урбаната мафија.”