АктуелноЛокално

Грчките власти забрануваат постоење на македонска организација во градот Серес

Организацијата “Свети Кирил и Методиј – локално друштво Серес” е формирано во декември 2017 година од членови на македонското малцинство во местото Ираклеа, Серес. Асоцијацијата од страна на грчките власти е регистрирана во јануари 2018 година од кога почнуваат проблемите за Македонците во овој дел од Грција.

Целта на организацијата е да се зачуваат и популаризираат локалните јазик и херои но во основачкиот документ не било заведено за кој јазик и чии херои се работи. Маките на Македонците во Серес започнуваат кога во март 2018 година раководството на организацијата во својот весник објавува дека се работи за македонски јазик и македонски херои различни од грчките.

Веднаш потоа претседателот на федерација на Грчко – Македонските друштва која тврди дека Македонија е Грчка поднесува тужба до јавното обвинителство во Серес со образложение дека организацијата на Македонците е против грчките закони и устав. На 14 февруари 2019 година Обвинителството бара повлекување на регистрацијата на Македонската организација обвинувајќи ја дека се обидува да создаде заедница различна од грчката која има своја јазик и култура.

На првото рочиште во Серес на 9 април 2019 година судот ја повлекува регистрацијата на македонската организација по што друштвото во февруари идната година поднесува жалба пред повисокиот суд во Солун но и тој ја потврдува одлуката за поништување на регистрацијата на организацијата на Македонците. Судот го отфрлил и барањето на Хеленската лига за човекови права од јануари оваа година по што Македонците од Серес се подготвуваат за претставка до Врховниот Суд во Атина.

Овој случај покажува дека и по потпишувањето на срамниот Преспански договор Грција не ги почитува основните човекови права на Македонците. Авторот на текстот е во два наврати приведуван во Грција за време на новинарски задачи а имал и повеќегодишна забрана за влез кај јужниот сосед поради тврдењето на грчките власти дека претставува опасност за грчката национална и јавна безбедност.

Извор: https://vesnik-ilinden.com