АктуелноЛокалноСтав

Оние кои дојдоја на власт со узурпирање студентски иницијативи – сега се закануваат за бојкот на настава

Статус на Јована Мојсоска, член на Президиумот на Левица.


Мила Царовска ја ангажирала цела партиско-директорска машинерија за да се заканува со неоправдани изостаноци за бојкот против нејзините образовни реформи. Наместо да ги сослуша барањата на јавноста, во име на демократичноста и транспарентноста со која толку се фалат, малата диктаторка тера невидено самоволие и ароганција надоградени со заканувачки тон.

Истите кои дојдоа на власт со узурпирање студентски иницијативи, шушкање на средношколски протести, стимулирање на младинска непослушност против образовните реформи – сега се закануваат со неоправдани преку нивните директорски полтрончиња и повикуваат дека бојкот не е опција. Какво дно, шизофренија и малоумие владее во СДС, нема принцип што не го погазија, нема вредност што не ја извитоперија. Најголемо зло што ѝ се задесило на Македонија и кое уште опстојува на власт само заради беспрекорната вазалност кон странските наредбодаватели.

Вчерашната изјава на Вархеји потврди дека Албанија ги исполнила условите за датум за ЕУ, додека за Македонија остануваат условите поврзани со македонскиот идентитет и историја – преседан со кој ниту една друга кандидат-членка за ЕУ не е уценета.Јасно е како ден дека само меѓународниот фактор го одржува режимот на власт, додека го “реши” спорот со Бугарија и го заокружи процесот на разнебитување на македонската нација, изградена врз антифашистички вредности.

Мила Царовска ја ангажирала цела партиско-директорска машинерија за да се заканува со неоправдани изостаноци за бојкот…

Posted by Јована Мојсоска on Wednesday, 5 May 2021