Левица: Узурпирани тротоари пред Министерството на Груби
Реакција на Левица – ЛО Центар за узурпацијата на тротоарите и јавниот простор пред Министерството за политички системи на Артан Груби
Тротоарите пред Министерството за политички системи на Артан Груби се целосно непроодни од паркирани автомобили. Граѓаните на Центар цел ден го пријавуваат попреченото движење на тротоарите пред министерството, но за жал, полицијата и пајак службата останаа глуви на нивните поплаки за загрозување на безбедноста на пешаците и велосипедистите.
Очигледно службите по навика и понатаму удираат само по џебовите на обичниот граѓанин додека пак „заштитените” и понатаму остануваат „недопрени”. До кога Центарци ќе го трпат дивеењето и узурпацијата на јавниот простор само затоа што на поединци им се дозволува да бидат над законот на сметка на јавниот добробит?!
ПРОБЛЕМОТ СО СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС И УЗУРПИРАЊЕТО НА ТРОТОАРИТЕ ВО ЦЕНТАР НЕ ПРЕСТАНУВА Тротоарите пред Министерството за…
Posted by Левица – Центар on Thursday, April 29, 2021