АктуелноЛокално

Ленка: Зошто Царовска молчи дека е спорна содржината на учебниците додека Бугарија бара нивно ревидирање?

Од Друштвото за социјална правда „Ленка” реагираа на најновиот прес на СДММ, каде се тврди дека „учебниците изобилуваат со говор на омраза и меѓуетничка тензија.”

„Учебниците имаа безброј печатни, логички, граматички грешки, беа полни со, невистини, манипулативни содржини. Со овој закон, ставаме крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза,кои ја зајакнуваа патријархалната улога на жената, ги туркаа на маргините на општеството веќе исклучените социјални групи, ја загреваа меѓуетничката омраза.. – е дел од соопштението на помладокот на СДСМ.

На ова реагираа од „Ленка”, од каде прашаа зошто Мила Царовска не ја промовира тезата дека дигитализацијата се воведува поради спорните содржини во учебниците.

Зошто Мила Царовска никаде не изјавува дека е спорна СОДРЖИНАТА на учебниците? Зошто се форсира намалување на материјалот и негово бришење додека Бугарија бара измена на учеабниците? Пред две недели, заседаваше Комисијата за тн добрососедство, каде повторно бугарската страна бараше измена на учебниците од седмо одделение. Дали наводната дигитализиција е тројанскиот коњ на Царовска?! – напишаа од Ленка.

Пред неколку месеци, претседателот на македонскиот тим во Заедничката комисија, Драги Ѓорѓиев, изјави дека „би бил задоволен ако работата на Комисијата резултира со нови учебници по историја, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување.”

Зошто Мила Царовска никаде не изјавува дека е спорна СОДРЖИНАТА на учебниците? Зошто се форсира намалување на…

Posted by Ленка on Thursday, 29 April 2021