Работи Влада седум дена во неделата

Статус на Јосиф Џолев:

„ – Изминативе 7 дена се случи, НО не треба да размислуваме на:Откриени се 94.451 фалсификат изводи од матични книги на родените (моментално фантомски), што е дури можеби и 7% од резидентно население во Македонија. Мислат ќе има попис во септември.

– Откриени се 200 (момемтално) со доказ издадени пасоши на платени убијци, нарко босови и слично, при што од оние кои се осомничени за злодело од наша страна, нема ниту еден кој нема фотографија во домашна атмосфера со Оли, Заеви или некој сличен од врвот на сдс.

– Најавени се зградите на паркингот кај ГТЦ за слога до небо, згради на сдс, дпне и мпц, во изведба на едно копиле, за кој – во друга прилика.

– Утре е 40ти ден на Рашковски како е на одмор во Мексико.

Премрзна човек и покрај обидот за помош по телефон до сите институции достапни на еден нормален човек, загрижен човек, но тоа не беше доволно да се спаси човечки живот, а институциите од друга страна формираа нормално комисија, а најодговорниот кој ги смени изјавите 10 пати, Стојанче ќерамидата, на крај рече дека никој не му ги изговорил волшебните зборови “ми треба хеликоптер“, иначе хеликоптерот спремен… да, во Прилеп, со премиерот, оти немал тој време за губење.

– Казна од неверојатни 150 евра за Ден Дончев од антикорупциска, не потсетија да прашаме Каде е Ден Дончев и зашто не отслужува доживотен?, и колку би платил казна јас ако го сторев она за што Ден Дончев е казнет со 150 евра од факинг антикорупциска!?, а да не заборавиме, одбраната му се темелела на зборовите: – Заборавив.

Мила Гебелс Царовска и официјално ја презентираше новата програма за основно образование, каде што веќе не постои предмет македонски јазик, имаме нов – мајчин јазик.

– Дрога која со комбе/џип излегла од фирмата, од тие со лиценца на Заеви, а баш во тој момент газдите, братучедите на Заев веќе 20 дена биле на “СЛУЖБЕНО” патување во Емиратите. Ова можеби е најдолгото фамилијарно службено патување забележано на планетава. Возачот на Заеви не бил вработен во фирмите на Заеви и со тоа нема врска со нив, го знаат само од телевизија. Трајче, да му веруваме на зборот, возачот му бил газда над газдите во нарко дилањето што морала и ДЕА да интервенира. Тој, возачот, “газдата”, лично (како во никој филм никогаш) отишол да ја вози робата од точка А до точка Б.
Дрогата на најниско ниво, децата што ја препродаваат до конечниот потрошувач, скоро да немаат допир со пакетчето од пола грам на Павле, но во овој случај ги уапсија 6те главни во комбето, џипот!?, додека газдите на тој што го фатиле немаат никаква врска со тоа, тој со градежништво и рударство се занимава, они се врло изненаџени од ова и баш моментално се 20 а ќе останат уште троа денови, па и месеци, службено во Емиратите, бидејќи претходно никој од мвр НЕ им се јавил за акцијата што ја спремаат ДЕА и обвинителство.

– Официјално нашиот долг (без овие неколку милиони од вчера) само кон надвор изнесува 8.6 милјарди евра, што е зголемен 100% од она што им го остави Грујо и што е долг еднаков и направен за 4 години исто како за претходните 26 години. Освен за хонорари и по џебови, слободно замислувајте си, фантазирајте проекти од овие 4 години.

1.000.000 евра потрошени за хонорари од кабинетот на премиерот, тајни списоци. Вчера ни беа приложени само 3% и на нив очекувано, исклучиво сдс дечиња, или братчиња и сестрички на тие од втор и трет ешалон, слично.
И да не должам, има уште милион случки со коњот шилегов, полицискиот коњ украден во полициски час, дивидендите на банките, нарачката на октоподи, лигњи, школки, шкампи и лосос на владата и што ли ти не, но ние не смееме да размислуваме за ова гореспоменатово.

Ова горе се афери што во било која држава во светот се случуваат за време на владеење на 4-5 мандати, а во некои е незамисливо да се случи вакви грозни злодела и криминали и не се случиле никад, но ние не смееме да си дозволиме да размислуваме на ова горе во моментов.

Ние ова мора да го ставиме на страна бидејќи додека фамилијата на премиерот и министерот за здравство се гоштеват во Крушево и Трпејца, додека тие мскаат пастрмки, вие имате полициски час и Македонија викендов повторно беше на врвот по смртни случаи во светот, со над 500 смртни случаи само овој месец!!
Додека во други држави, дури и во оние кои се справуваат солидно со ситуацијата, министер за култура (еден пример од десетици) си дава оставка од владата, бидејќи не се согласува со мерките на својата влада, т.е. сметал дека можеле да спречат барем 10 смртни случаи!?, кај нас, министерот за здравство се откажа од борбата со вирусот, тој веќе бил насекаде според него, па тој истиот сега може слободно да крка пастрмки секој викенд за ментален мир додека вие се борите за воздух, тој другиот не работел во сабота и се возика со мотор секој викенд – тоа го смирувало, додека вие се борите буквално да се прехраните.

И кај нас не се работи за 10 луѓе, кои во друга држава и со друго министерство за здравство, би биле се уште меѓу нас, статистиката вели дека ние имаме 2.400 смртни случаи повеќе од просекот низ светот, тоа е 150% повеќе од предвиденото. Статистички податок. За жал, броевите се само статистички податок за овие монструми, а статистичкиот податок е страшен.
2.400 од 4.000 се исклучиво по вина на она што го прави Тој човек, кој и покрај овие податоци се возика низ Македонија. Двајцата моторџии не се ни вакцинираа за пример, бидејќи најверојарно со тоа би се издале дека се вакцинирани уште пред 2 месеци.
Ова се ликови кои се конкретно виновни за смрт на над 2.400 случаи и не чувствуваат никаква одговорност, напротив, имаат потреба од ментален мир и не се кријат и не се срамат при таа прихрана.
Министерот МОНСТРУМ се подобро лаже на телевизија, се подобро се снаоѓа пред камера, се подобро глуми, само и само да му се откачат новинарите, а се повеќе луѓе на кои не им е судено, тој им суди.

Тој монструм треба да го спречиме итно!!!
Има време за пасошите, за нарко дилерите, за Стојанче, за изводите, за нацистот Мила и нејзините учебници, за пописот што нема да се одржи ни во септември, за Рашко, за Дончев и за се останато, ние моментално мораме да се насочиме кон оставка на овој монструм, кон оставка на двајцата другари моторџии, оти убиваат!!, буквално.”


Изминативе 7 дена се случи, НО не треба да размислуваме на: – Откриени се 94.451 фалсификат изводи од матични книги на…

Posted by Јосиф Џолев on Tuesday, April 13, 2021