АктуелноЛокално

За сопругот на директорката на Сорос сме „мала група џафкачи на фејсбук”

Архитектот на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти „Холидеј ин“, Мартин Пановски, против чиј проект веќе има петиција со 8000 потписи, смета дека притисокот доаѓа од „60 души џафкачи на фејсбук и архитекти без ден работно искуство.” Мартин Пановски е сопруг на директорката на фондација „Отворено општество” – Фани Каранфиловска Пановска. Тој е и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти и поранешен член на Комисијата за оценување на проектот „Скопје 2014″, каде се залагаше за уривање на Порта Македонија и споменикот Воин на коњ.

Ако се разгледаат фамилијарните пипци на архитектот, кој сега сака да гради бетонско чудовиште во центарот на Скопје, може да се дојде до заклучок дека се работи за добро ситуирани апологети на сегашната власт. Неговата мајка, Ана Пановска (новинар во Фокус и поддржувач за промена на името) периодов беше активна во убедувањето дека не се укинува македонскиот јазик и дека се „измислува и конструира „афера“ дека во државава се подготвува мрачно сценарио за институционално загрозување на македонскиот јазик.”

Сестрата на архитектот, Искра Пановска – Димкова е професор на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески” и раководител на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Таа стана позната периодов по острите демантирања дека се укинува македонскиот јазик . Подоцна беше откриено дека од страна на деканката Анета Дучевска е поднесена програма за менување на структурата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, каде се предвидува двете катедри за македонски јазик и македонска книжевност да бидат укинати со новата структура.

Очигледно е дека се работи за поддржувачи на политиките на актуелната власт, кои не само што не гледаат ништо спорно во тезите на бугарските власти дека македонскиот јазик е исти јазик со бугарскиот, туку и со перфидни методи се обидуваат да ги шиканираат граѓаните и интелектуалците кои се спротиставуваат на власта. Можеби и мегаломанскиот проект кај „Холидеј ИН”, кој е спротивен на Генералниот урбанистички план, е мала награда од страна на власта за молкот на овие интелектуални одработувачи.