Крмов: Нема одговорност за Дардишта и 100.000 фалсификат изводи

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, реагираше на скандалот со Управата за водење матични книги, каде Државниот завод за ревизија утврди дека 95.000 изводи биле издадени без евиденција, без сериски број и без да биде наплатена административна такса.

Вака ДУИ планираше да ви прави попис, со скоро 100.000 изводи на кои што не им се знае крајот! Затоа, во законот документите за идентификација се наведени како „соодветни документи“ за да може да се врши попис и само со (фалсификувани) изводи.

Директор на Управата за водење матични книги е Бујар Дардишта, едно време и адвокат на терористите од Диво Насеље. Како и за се друго, ОДГОВОРНОСТ НЕМА! Ама викаат дека „попис“ морало да има. Дали ќе има, зависи само од нас.


Вака ДУИ планираше да ви прави попис, со скоро 100.000 изводи на кои што не им се знае крајот! Затоа, во законот…

Posted by Борислав Крмов on Monday, April 12, 2021