Меѓународен образовен скандал на универзитетите во Тетово и Крагуевац
Ѓорѓи Илиевски – Виш просветен инспектор
Деновиве мега образовен скандал се спомнуваат тетовскиот универзитет и крагуевачкиот од Република Србија. И тоа не по добро. Туку по разни докторати, плагијати-копирање на туѓи научни трудови кој се откриваат како што е случајот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово и тоа кај професорите Неџбедин Беадини, Шеќибе Беадини ( која е и кординатор на докторските студии), Абдулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди, Екрем Исмани. Од истражувачката сторија на публикацијата „Веритас“, каде се наведени примери на овие седум лица од наставен кадар на овој универзитет за чии научни трудови е утврдено дека се плагијат. Со други зборови, користеле туѓ интелектуален научен труд, преставувајќи го како свој. Исто така, на овој Медицинскиот факултет, поради настојување на деканот професор д-р Кастриот Хаџиреџа, да се стави крај на неправилностите и скандалите, ректорот на овој Универзитет професор д-р Вулнет Амети, бара од деканот да се „протуркаат“ 15 докторанти (има докторанти од Косово) со докторски плагијати, како и незаконски унапредувања во наставно-научни звања на некои лица кои не ги исполнуваат законските услови (научни трудови и докторат добиен од Универзитетот на Обединетите нации од областа здравствен менаџмент за унапредување во вонреден професор по максилофацијална хирургија). Откако го одбил тоа. Ректорот го суспендира од декан. Ова е меѓународен скандал. За ваквиот чин ректорот треба да си поднесе неотповиклива оставка. Министерството за образование и наука, Владата, директорот за квалитет во високото образование, како и Одборот за акредитација и евалуација нивните претседатели треба да реагираат на овој меѓународен скандал, а не да бидат соучесници на ваквиот образовен скандал. Додека, Државниот просветен инспекторат треба да постапи согласно Законот за високо образование и законските надлежности. И веднаш да бидат известени сите надлежни институции во Република Македонија. Одговорност треба да има. Неминовна е потребата од контрола на сите универзитети јавни и приватни во Република Македонија. Се поставува прашањето: Зошто од Р.Косово или Р.Албанија доаѓаат да магистрираат или докторираат на македонските универзитети??? Зошто МВР молчи и не презема ништо, иако се доставени известувања до нив, како што е случајот со Струшкиот универзитет, каде што се вмешани високи функционери од Власта, судии…??? Дали се крие образовниот криминал и корупција на нашите универзитети??. Ова што се случува, во македонските универзитети се стигна дното. Срам. Каде е одговорноста!!!
Кај нас во Македонија, се сака овој образовен скандал да се сокрие или забошоти, бидејќи има вмешаност на политички, и други високи личности. За разлика од нас во Република Србија, поконкретно образовниот скандал на Универзитетот во Крагуевац со „ албански македонски студенти “ кои докторирале на темата за независно Косово, не сопираат и ја разбрануваат високообразовната академска фела во Р.Србија.
Како што известуваат српските новини, односно весникот „Блиц“ и новинарот Жељко Јевтиќ – цитирам:
„ Косовските Албанци добиле докторски дисертации на Универзитетот во Крагуевац, а од , незванични податоци од МВР, во тоа време не биле и не престојувале во Централна Србија. „Крагуевските студенти“, се на функција на Косово и Метохија. Сите овие докторски дисертации, сега се пронајдени, кои се печатени во текот 2016 година и директно упатуваат кон поранешниот ректор Небојша Арсениевиќ. До сега од пронајдените дипломи е со потписот на Арсениевиќ.
Дополнително срамотен и погубен дел на аферата „дипломи“ е факт да дел на „албански студенти“ од Косово и Метохија докторирале во Крагуевац, и тоа на теми кои се однесуваат на Косово како независна држава. Теми кои „полагале помеѓу другите се и „Управување на процесот на интеграција на Косово во ЕУ- економски, политички и социолошки аспекти на придружување на ЕУ“, ама и за Србите посебно болна тема „Улогата на јавниот тужител во кривичните постапки на Косово“. Еден од нив добил орден што во 1990 година ја потпишал„ декларацијата за независност на Косово“.
Косовските Албанци кај Арсениевиќ испраќале доктори на науки од економијата. Српскиот весник „Блиџ“ објавува диплома, а на кој институт за безбедност на Бањица, го вештачел потписот на Арсениевиќ. Го заштитивме името на „докторот“ бидејќи ова диплома ќе биде користена во текот на истрагата. Тоа што е за сега познато, овој „студент“, никогаш не запишал ниеден акредитиран програм на Универзитетот во Крагуевац. Никогаш не бил запишан на докторските академски студии на економски науки. Истотака, ни на студии на кои секако на кои се, како на неговата диплома што стои, заедно го воделе Европскиот центар за мир и развој (ECPD) и Универзитетот Крагуевац. Такви студии никогаш не биле дозволени нити акредитирани. Како што соопштил Крагуевачкиот универзитет ECPD, немал во Србија дозвола.
По истиот шаблон, како што се сомнева, се обработени уште 15 дипломи на косовските Албанци. За сега дошле до комплетни дипломи издадени на име Сафет Хоџа, а другите се пронајдени во посебен фајл во комјутер на Универзитетот во форма припреми за печатење. Основано се сомнева да и тие печатени, потоа потпишани и издадени. Секако, без никаков правен основ, бидејќи Универзитетот во Крагуевац никогаш не ги запишал тие косовски Албанци, ниту ги поседуваат тие докторски дисертации ниту се наоѓаат на генералниот список на дисертации.
Докторанти од Косово и Метохија и од Р.Македонија
Во целосната лага, која се одвивала на Универзитетот во Крагуевац носеле дебели заработки, вклучувајќи ја и Европскиот центар за мир и развој (ECPD) во кој поранешниот ректор Арсениевиќ на функција бил уште од 2004 година. Бил директор на студиската програма ( ECPD) и ги изведувал на универзитетот, иако никогаш не ги усвоил органите на Универзитетот во Крагуевац. Во време кога се издавани дипломите како ректор на Универзитетот во Крагуевац бил декан на ЕЦПД и работно ангажиран како професор (2016). Дел од косовските Албанци во својата биографија вешто ги избегнуваат да се спомне Крагуевац и наведува само другата постапка на дипломи ECPD како институција каде што докторирале“.
Понатака во списанието „Блиц“ се истакнува: „Генералниот секретар на Универзитетот во Крагуевац (Марко Лукиќ) вели: „ дека во процедура се 15 докторски дисертации за лица од подрачјето на Косово и Метохија и Р.Македонија. За кои постои сомнеж дека стекнале дипломи на универзитетот во Крагуевац, без уписи на предходни студиски програми и без дозвола за работа за нивно изведување. Лукиќ, во изјавата за RTS ќе рече: „ да целокупната документација околу споменатите дипломи, Универзитетот во Крагуевац ги доставува во полиција за преземање понатамошна работа“.
Кои се докторантите:
- 1.Раиф Рамабаја- неговата тема е „ Стратегиски менаџмент во компаниите на Косовското Поморавје“ и „доктор на наука за менаџмент“. Уапсен е 1990 година, поради потпишување на „декларација за независност на Косово“. Се спомнува во документите на ЕУ дека е ранет 1999, а 2004 г.Ибрахим Ругова го одликува како еден од пратениците кој во 1990 година ја потпишал „декларацијата за независност на КиМ“.
- 2.Башким Арифија- „ доктор на економски науки“ на тема „ Управување со процесот на интеграција на Косово во ЕУ“,
- 3.Енес Садовица-„доктор на економски науки“
- 4.Фадил Красниќи-„доктор на правни науки“
- 5. Хашим Чолаку-„доктор на правни науки“,
- 6. Илаз Дули- „ доктор на економски науки“
- 7.Илир Родики-„ доктор на менаџмент науки“
- 8. Мухамед Диша со тема „ Интеракција помеѓу маркетингот и квалитетот кај малите и средните претпријатија на КиМ“ е “ доктор на економски науки“
- 9.Нухи Села- „ доктор на менаџмент“
- 10.Осман Ејупи – со тема “Институционална анализа на политичката конкуренција на Косово“, е „ доктор на правни науки“
- 11.Сафет Хоџа -со „Јавни набавки-правни и практични развој на Косово“ е „доктор на правни науки“
- 12.Шукрие Рама- со тема „ Високото образование на Косово“-предизвици и препораки“ е „ доктор по менаџмент“
- 13. Вехеби Софиу- на тема „ Влијанието и загаденоста на воздухот на соларни панели на Косово“ добива титула „ доктор на технички науки“
- 14.Вели Лецај – „ Политика на производи во стопанството на Косово“ го донесува во „ доктор на економски науки“
- 15. Вјолца Висока Насани- „ Значење на меѓународниот бизнис на Западниот Балкан со фокус на Косово“ е „ доктор на економски науки“.
Во Р.Србија се превземаат соодветни мерки и одговорности. Кај нас во Македонија, ќе чекаме „ на лидерска средба помеѓу Заев-Ахмети – почесниот доктор прогласен на универзитетот во Тетово“. Дали ќе има одговорност во Македонија, за овој образовен криминал и скандал. Треба. Како и одговорност на првите луѓе на Агенцијата за квалитет на високото образование и претседателите на Одборот за акредитација и Одборот за еваулација за високото образование.
Продолжува битката во борбата против образовниот криминал и корупција во високото образование во Р.Македонија.