Изложба на цртежи во галеријата Амам во Гевгелија

Дом на култура „Македонија“ во соработка со НУ „Музеј“ – Гевгелија ви ја најавуваат изложбата на цртежи. Изложбата ќе биде поставена на 04.03 2024 во уметничката галерија АМАМ во Гевгелија, а нејзиното отварање е закажано за 19.30 часот.

Осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“, проект на НУ Центар за  култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, претставува континуиран напор за реализација на идејата – цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика.

На изложбата  учествуваат следните академски ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ