Апасиев: Да се преброиме и да им ги затнеме поганите муцки

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги повика симпатизерите на партијата уште во текот на денешниот ден да појдат во подрачните единици на Државната изборна комисија и да се потпишат на претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.

-Уште 1/5 од потребните потписи. Ако запнеме, уште утре можеме да ги спичкаме. Затоа, не одложувајте! Дајте да се преброиме и да им ги затнеме поганите муцки на буржуите. А потоа и да се пресметаме со нив, на избори – објави апасиев на социјалните мрежи.

За пет дена, Ванковска има собрано над 8000 потписи.