Слобода за Асанж!

Вук Видор е посветен политички уметник од Белград кој живее и работи во Париз. Во прилог направивме превод на еден негов текст во кој прави интересна паралела меѓу кризата со пандемијата и случувањата со Џулијан Асанж.


Постои интересна паралела помеѓу она што му се случува на Џулијан Асанж и состојбата во која се наоѓаме веќе година дена, наречена пандемија. Сѐ она што би требало да биде основно и клучно во согледувањето на дадената состојба станува потполно изопачено и тоа до точка, каде што, сѐ што треба да биде праведно и разумно, станува потполна спротивност на сите тие поими. Од една страна имаме човек кој што пред 20-30 години би бил херој на демократското општество, новинарската професија и општиот морал, а денес е шпион, злосторник, заробеник кој се чува во исти затвор како и најголемите криминалци.

Тоа е човек кој ниеднаш не морал да повлече некоја вест затоа што била лажна, кој го доби секој судски спор кој таа вест ја оспорувал и кој што, затоа што ги прикажа државните злочини кои ги врши американската влада, стана непријател број еден. Затоа што суштински докажа дека многу криминал, нечовечност и недемократичност се крие под велот “борба за демократија“ и други банални, излишни флоскули со кои се служат некои држави само за да манипулираат со секого и секој, и сето тоа во името на профитот, доминацијата и моќта.

Од друга страна, имате состојба каде сите протоколи во здравството се или прескокнати или игнорирани, каде здравството се политизира како никогаш порано, каде сите поими на науката и начини на размислување се доведени во прашање и претворени во масовна манипулација на скоро цела планета. Каде стручните лица и луѓето кои размислуваат различно се исфрлени од дебати и демонизирани на најлош начин, каде самите лекови и терапии се забрануваат под лажни изговори, каде студиите се фалсификуваат и каде се дискредитираат институциите, респектабилни публикации, Нобеловци и секој кој не се лепи на наративот кој е наметнат од масовните секојдневни напади на нашиот здрав разум, и тоа до точка каде размислувањето не може повеќе да биде здрава опција, туку постои наметнато верување на она што се нуди како единствен спас од тој медиумски терор и од кој последиците во општеството ќе бидат катастрофални.

Доведени сме до тоа да послушноста, која инаку би била преиспитувана, постанува слепа, да поради страв се изманипулирани луѓе кои инаку би биле критични или гласни во оспорување на сите тие манипулации кои ни се сервираат во име на сигурност и спасување на животот. Истите тие, кои инаку би биле внимателни и веднаш би изразиле критика и бунт спрема секоја форма на манипулација и лага која се сервира во државните врвови, постануваат, не само бранители на тие манипулации, туку и агресивни судии и егзекутори на сите оние кои таа манипулација пробуваат да ја обелоденат во името на преиспитувањето и разумот и во тоа и стануваат најлошите членови на општеството, кои не сакаат да размислуваат за добробит на сите, туку себично ќе ја бранат својата имагинарна одвратна слобода. 

Тоа суштински значи да сѐ она што би требало да го дефинира општеството во однос спрема власта, спрема моќта, спрема другите, станува изопачено и едноставно сме сведоци како дел од општеството, полека, но сигурно, оди кон прифаќање на сопственото робство и индоктринација и во тоа гледа единствен спас или светло на крајот на таканаречениот тунел, притоа не воочувајки дека само што се влегува во тунелот и тоа долготрајно.

Одлучивме самоволно да ги отфрлиме клучните основни слободи, како би се ослободиле од тој терор кој се врши над нас секојдневно низ бројки, статистики, контрадикторни информации и конфузија, која подеднакво ги дестабилизира и индивидуите во општеството. 

Ако нешто се знае и ако нешто е научено од историјата, тоа е дека не постои случајност и дека кога такви глобални работи се случуваат, секогаш треба да се гледа кој профитира. А од она што проживува еден човек, Асанж, можеме да ја направиме таа паралела на она што ни се случува на нас, како општество на тоа глобално ниво и тогаш би ни било јасно што одредени центри на моќ ни туркаат и пред какви манипулации и лаги прифаќаме да подклекнеме, а да не доведеме веќе ништо до прашање. Како што  некогаш Садам Хусеин стана виновник за атентат во Њујорк или криел масовно деструктивно оружје, така и денес Асанж стана криминалец, експертите станаа ирелевантни и некомпетентни, проверени лекови станаа токсични и опасни, а непроверени вакцини стана „сите добри” за спас на Човештвото.

Нобеловците постанаа сенилни, стручните штабови единствено компетентни, медиумите и социјалните мрежи – цензура и линч, исмејување на секој кој не е по партиска линија и на секој кој изразува сомнеж или докажано и аргументирано дава податоци и информации. Таа поларизација секако не е спонтана, туку форсирана, за дополнително да се подели општеството околу клучните прашања. И најлошо е кога луѓето, кои мислат за себе дека се образовани и паметни, стануваат жртви на тој механизам, а понекогаш дури и најжестоки бранители на тие манипулативни наративи; тогаш постои голема индикација да тие кои профитираат (а знаеме кои се) се приближуваат до победа, односно до тотална контрола. Изгледа дека сервилноста спрема еден систем, лажно претставена и спакувана како решение на глобалните прашања и кризата, е нешто што очигледно влегува во план од кој речиси сите кои на човештвото и планетата гледаат како на свое приватно игралиште, се исфрлени.

Со прифаќањето дека  Асанж  е криминалец, сервилноста е решение, критиката оспорување, преиспитувањето и дебатата – поими кои се опасни по општеството, се влегува во тунел на кој не му се гледа крајот.

Откажувањето од основните човекови права и слободи е нешто што не би смеело да биде можност, а камоли размислување. Ако во името на  малку сигурност сте спремни да се лишите од некои основни слободи, тогаш не сте заслужиле ни едно, ни друго. А пак, да во име на тие исти сигурности, под притисок на страв останете слепи и не гледате што се случува и дури тоа го и поддржувате, тогаш сигурно не сте заслужиле ни едно, ни друго. Затоа што сервилноста никогаш не е привремена и било која слобода да ја предадете на оној кој сте ја предале, никогаш нема да ви ја врати. 

Сетете се само на неколку филмови научна фантастика, со дистописки репресивни тоталитаристички општества, некаде во иднина, во кои поединци пробуваат да ги нарушат тие системи и пробуваат да се изборат за своите слободи. Тука сме. Само уште малку треба. Побргу него што сме мислеле. Во место каде слободата е опасна, а ропството прифатливо, затоа што е сигурно. Јас сум за овој човек од фотографијата. И сите оние кои за слобода умреле за некои други да можат да живеат, а тие не. Вие овде, кои го поддржувате тоа ропство, кое не сакате да го именувате, само сетете се за што се бореле последните 300 години и колкава цена сме платиле како човештво секој пат кога над нас владееле со страв и манипулација. Сѐ е исто, само рамката, размерот и техниката се сменети..

Слобода за Асанж!