Владеењето на СДС во една слика

На промоцијата на поштенската марка со ликот на Блаже Конески, која се одржа пред три дена, во позадина можеше да се забележи грдото лице на Поштата, која остана несанирана од големиот пожар во 2013 година. Македонска пошта од 2008 година е во рацете на ДУИ, кога како директор беше поставен Ејуп Рустеми. Во 2018 година, Рустеми повторно е назначен за директор.

Скопската пошта е ремек дело на архитект Јанко Константинов, кој ја има добиено Наградата „11 Октомври“ за архитектура и уметност, доделена во 1975 година токму за ова здание. Веќе осма година по ред, не може да се најде време за објектот да се впише во Регистарот на културно наследство од страна на Управата за заштита на културното наследство на Македонија

„Зградата преживеа огромен пожар во 2013 година, а како последица на тоа, оригиналната купола, муралите, осветлувањето и мебелот направени по нарачка или беа целосно уништени или доживеаја сериозно оштетување. Објектот денес е во уште поголема опасност од неискористеноста и влошувањето на состојбата. Бидејќи зградата и понатаму нема покрив, таа страда од директна изложеност на атмосферски влијанија, со дожд и снег што влегуваат во нејзината внатрешност“, се вели во образложението на „Еуропа Ностра“ за загрозеноста на Шалтер салата на објектот Пошта-1.

За случајот со пожарот на Скопската пошта беше изречена само две години затвор за Арменд Фазлиу, внук на тогашниот генерален директор Рафиз Алити.