АктуелноЛокалноСтав

Гаврил Трајковски: Време е за оставки, доста трпевме терор и неправда!

Статус на Гаврил Трајковски, член на ЦРВЕНА МЛАДИНА


„Изборите во 2016 требаше да донесат промени, промени кон подобро, напредок, стабилност. Револтот искажан на улиците беше гласот на народот, истиот народ држен во заложништво од режимот со години. Промените настанаа и кога за момент ќе помислиш полошо од ова нема, настапува хоророт наречен СДС на власт. Првите месеци го спремаа сценариото промена на име, потоа влезот во НАТО за кој само се одлеваат пари од државната каса, но за возврат не добиваме ништо. Се спротивставуваа на референдумот, не го испочитуваа и тргнаа против сопствениот народ. Уште тогаш се ширеа гласините за корупција, наместени тендери, бонбона бизниси и поткуп.

Случајот рекет, Бојан Јовановски и Катица Јанева лица блиски до премиерот Зоран Заев. Заеднички слики на ручеци, по канцеларии и каде уште не. Обвинетиот Бојан тврди дека парите рекетирани ги поседува премиерот, а за тоа сите се прават глуви. Никаква истрага за тоа, нема подетални докази за парите, ташната ја нема, парите ги нема, трагата се губи. Остана само загатката каде се парите и толку, никаква разрешница. Надворешната политика е на најдолно ниво, сите соседи нѐ гледаат со потсмев. Промена на име, „Добрососедски“ договор со Бугарија каде се бриши нашата историја и јазик, донации за вакцини од Србија, пранкери прават пренк на премиер и што уште не. Го изгубивме достоинството како народ.

Потоа на ред доаѓа ковид кризата. Како држава од два милиони граѓани имаме повеќе заболени од КИНА која брои 1,4 милијарди популација. И додека народот се бори за кревет плус и плаќаат вртоглави суми во приватни болници кај олигарсите за да спасат жива глава, министерот за задгробен живот си нагодува кога ќе стигнат вакцините и нѐ’ убедува дека сѐ е под контрола, во истиот тој период кога во државните болници течат фекалии по главите на пациентите, лежат на мувлосани кревети и се лекуваат во ужасни услови.

Заедно со Босна и Хецеговина, Косово сме единствените кои немаат набавено вакцини во регионот, па затоа граѓаните започнаа со вакцинација во соседна Србија. Секојдневно испуштање од работа, неисплатени плати во овие тешки времиња, условување со цел експлоатација на работната сила. Платите еднакви со месечните трошоци, но нѐ убедуваа дека името ќе ги хранело децата, а тие залакот им го земаат секојдневно. Партиската книшка ја направија услов за вработување, успех и унапредување. Огласи за работа кои траат само еден ден, списоци со членови на партијата кои мора да се вработат, додека одлични кадри работат за минималец кај странските инвеститори.

Кога станува збор за екологија, таму сме врвни уништувачи на планетата Земја. Не постои езеро во државата кое не пресуши, Охридското Езеро УНЕСКО го стави на листата на Светско природно и културно наследство во опасност. Дрвосеча на сите страни, ѓубре на секаде, зеленилото се намалува, но никнуваат згради. Се градат мини хидроцентали, се прекинува природниот тек на реките, со тоа доаѓа до загуба на биодиверзитетот. Први сме во загаден воздух во регионот и високо котираме во светот.
Исто така, оваа Влада ја тресат скандали со бегство на осуденици како бившиот премиер, потоа неговиот братучед повратник од бегство и сега последното, најмасовно бегство на шест нарко-босови. Истите тие нарко босови, седеле на иста маса со раководството на СДС. И самиот премиер беше еднаш аболициран, не е ни чудо што е во круг на криминалци.

И за последно го оставив најбитното моментално, пописот. Сакаат да спроведат фингиран попис кога дневната стапка на заразени од вирусот се мери во стотици и кога имаме највисока стапка на смртни случаеви. Без регулиран закон за попис, каде секој секого може да попише доколку има согласност и некакви соодветни документи. Со овој попис сакат да направат отпис на државата, но ние нема да си го дозволиме тоа и ќе се бориме со сите наши ресурси и сили.

#НеОтворамВрата

Време е за оставки, доста трпевме терор и неправда. Секој ден разочарани лица бараат секакви алтернативи за СПАС! Доста беше уништување, време е за вистинска промена. Промена која ќе донесе радост, насмевки, солидарност, слобода, правда и мир.
Време е за ПРОМЕНА, не за ЗАМЕНА!


Зошто ПРОМЕНА а не ЗАМЕНА!? Изборите во 2016 требаше да донесат промени, промени кон подобро, напредок, стабилност….

Posted by Црвена Младина on Monday, April 5, 2021