Потпишан десетогодишен договор за соработка помеѓу Венецуела и Русија

Боливарската Република Венецуела и Руската Федерација потпишаа договор за десетгодишна меѓусебна соработка во сферите на прехрана, земјоделие, здравство, образование, финанции, транспорт, енергетика и безбедност. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро договорот го нарече „Агенда 2021-2031

„Соработката помеѓу овие две земји е клучна за подобрување на меѓусебната трговија помеѓу Русија и Венецуела и истата е пример за тоа како да се спротивставиме на санкциите од страна на САД”, изјави рускиот заменик премиер Јуриј Борисов.

Една од главните теми на преговори била примена на руската технологија за преработување на венецуелската нафта. После санкциите, оваа јужноамериканска држава веќе долго време не е во можност да ја преработи сопствената нафта. Дел од руската делегација во Каракас беше и руската државна компанија Ростек, чија специјалност е изработка на високи технологии.

„Покрај тоа што веќе доби преку 200 илјади дози вакцини Спутник V, Венецуела изрази желба за купување на новите руски вакцини, EpiVacCorona и е заинтересирана за производство на оваа вакцина”, изјави потпретседателката Делси Родригес.