Советот за човекови права на ООН со критики кон САД

На 46-та седница на Советот за човекови права на ООН која се одржа на 17 март, беа разгледани резултатите од прегледот на човековите права во САД. Голем број земји ги критикуваа и обвинија САД дека политиката по однос на човековите права која ја води оваа земја е на загрижувачко ниво.

Сириските претставници ги обвинија САД дека ги избегнуваат обврските кои произлегуваат од меѓународното право и бараат оправдувања за својата воени дејствија и закани по единството и територијалниот интегритет на другите земји. Според нив:


„САД треба да го изменат домашното законодавство, да ја запрат воената агресија за заштита на националната безбедност, да престанат со окупација на туѓи територии, грабежи на туѓи природни ресурси и да престанат да ги финансираат терористите и сепаратистите.“

САД се повеќе манифестира кршење на човековите права во други земји, со цел да ги остварат националните интереси во политиката, економијата и безбедноста. Тие, од една страна, во секоја пригода воведуваат санкции против други држави под слоганот дека „човековите права се над суверенитетот“ а, од друга страна, под изговор на човековите права, тие се вклучуваат во поттикнување на етнички и расни конфликти.

Последните неколку децении САД направија напори да го „исполитизираат“ прашањето за човековите права, сето ова, не само што е злоупотребувано и целосно спротивно од првичната намера, туку е и причина за поттикнување на омраза и конфликти. САД користат оружје за ширење на демократијата, што доведе до немири, низок животен стандард, социјални кризи и трагедии. Во многу делови на светот се одржуваат антиамерикански демонстрации кои се резултат на ваквите политики. 

Оваа година навршуваат 10 години од почетокот на протестите во Либија, кои прераснаа во граѓанска војна. По воените дејствија, Либија не само што не успеа да реализира демократија, економски просперитет и социјална стабилност, напротив, земјата е во целосна пропаст. Според последните податоци на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни работи, 278.000 Либијци сè уште се без покрив над главата. Поранешниот американски претседател Барак Обама призна дека интервенцијата во Либија е најголемата грешка за време на неговото владеење.

Исто така, оваа година наввршија 10 години од сириската криза. Десетгодишните борбени дејствија му нанесоа сериозен удар на внатрешниот развој на Сирија. Според сирискиот центар за набудување на човековите права, повеќе од 500.000 луѓе загинаа како резултат на војната, а сириската криза сè уште не е завршена. Поранешниот произведувач на нафта на Блискиот исток стана извор на бегалци, сегашната ситуација во Сирија е „благодет“ донесен од американските воени сили кои ја „унапредија“ демократијата.

Во 1999 година, НАТО предводен од САД под слоганот „човекови права“ изврши 78 дневно бомбардирање на Југославија, оваа воена операција остави незаборавна тага. 

Во 2001 година, коалициските сили предводени од САД започнаа војна во Авганистан под изговор  „борба против тероризмот“. Денес, дваесет години подоцна во Авганистан сè уште нема мир.

Во 2003 година, САД ја започнаа војната во Ирак, тие го обвинија Ирак дека поседува и чува оружје за масовно уништување, како и дека им помага на терористите. Обвинувањата никогаш не беа целосно докажани, Иран како држава доби сериозен воен удар во кој страдаа милиони невини жртви а последиците од оваа војна иранскиот народ ги чувствува и денес.

На 46-та седница на Советот за човекови права на ООН, околу 100 земји се спротивставија на политизацијата на прашањето за човековите права и двојните стандарди во оваа област. Покрај тоа, претставници на различни земји исто така го изразија својот отпор за мешање во внатрешните работи на други држави врз основа на политички цели и под изговор на човековите права. Позицијата на меѓународната заедница во однос на САД е исклучително јасна.