(Видео) Крмов: Ако власта се дрзне да по секоја цена спроведе ваков фалсификат, ќе доживее и колапс на изборите

Говор на пратеникот, Борислав Крмов, по повод предлог измените на Законот за попис, односно неговото одложување.

„Јас сметам дека најголемиот дел од населението од оваа држава го проѕре овој план, во најголем дел и власта сама го саботираше. Сега, од септември стартувате од многу потешка позиција. Прво стартувавте од една наводно чиста позиција, дека ова е само статистички процес, дека нема да има политичко мешање и.т.н., сега стартувате од извлакан процес, од делигитимиран процес и ова ќе ви биде многу потешко да го спроведете од септември.

Ако нема сериозни поместувања во методологијата по светски стандарди, по ЕУ стандарди, и тука зборувам за стандарди, коишто и албанските партии и сите партии тука во парламентот наводно се за тоа, ако нема поместување методолошки, вие ќе го доживеете тоа што требаше да го доживеете сега на 1. април.

Нашата кампања нема да застане, нашата кампања ќе се реактивира и ќе имате масовен бојкот во септември. Ако се дрзне власта да казнува еден месец пред избори, или да спроведе ваков фалсификат на сила, ќе доживеете и колапс на избори.“