Неуспешен обидот на Јотова да биде Колумбо – Од Косово демантираа постоење на бугарско малцинство

Јотова откри Бугари и на Косово, им подари бугарски книги на тамошните здруженија. Во Косово нема официјално признаено бугарско малцинство, а бугарската заедница, која брои околу 15.000 жители, е дел од населението на општините Драгаш, каде што е застапена во 20 села, Призрен со 19 села, Ораховац и Штрпце, каде има вкупно 10 села со етнички Бугари, пренесува бугарската агенција БТА.

Целта на Бугарија е бугарската заедница во Косово да добие официјален статус на заедница, што дава дополнителни можности, учество во Консултативниот совет за националните малцинства и можност за решавање на голем број проблеми на заедниците и луѓето во нив.

По големото открите на Јотова за постоење на Бугари во Косово, од другата страна следуваше брза и остра реакција, во која беа демантирани овие привиди и беше додадено дека Бугарија ја злоупотребува положбата и членството во ЕУ.

Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.

„Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.

Она што мора да биде забележано е фактот дека Бугарија спроведува агресивна асимилација на Македонците во Албанија, претставувајќи го македонското малцинство како бугарско, од македонската партија во оваа земја, а и од домашната Власт речиси и да не се спротиставија на ова, дозволувајќи газење и негирање на македонското малцинство. Додека пак, во Косово, уште при првиот обид за бугарско вмешување во внатрешните работи на земјата, веднаш следеше соодветна реакција и демант.